График на експоненцијална функција
График на експоненцијална функција
Со поместување на лизгачот а (што треба да важи за а?) се менува вредноста на основата на експоненцијална функција која е претставена на графикот.
Df - Со чекирање на полето и движење на лизгачот x на x-оската се претставува дефиниционата област на функцијата,
Vf - Со чекирање на полето и движење на лизгачот x на y-оската се претставува множеството вредности на функцијата,
Пресек со y-оска - Со чекирање на полето се покажува точка со координати во која функцијата f(x) ја сече y-оската,
Пресек со x-оска - Со чекирање на полето се покажува точка со координати во кои функцијата f(x) ја сече x-оската (Дали има таква точка?),
Асимптори - Со чекирање на полето се покажува асимптотата на функцијата f(x).