Google Classroom
GeoGebraGeoGebra Classroom

Врата што се врти.

Врата што се врти вклучува три крила кои се вртат во кружен простор. Внатрешниот дијаметар на овој простор е 2 метри (200 cm). Трите крила на вратата го делат просторот на три еднакви сектори. Аплетот ги покажува крилата на вратата и со вклучување на наимацијата вратата се врти, гледана одозгора. Прашање 1: Колкава е големината, изразена во степени, на аголот што го формираат две крила од вратата? Прашање 2: Двата отвори на вратата (лаците на аплетот означени со црвена испрекината линија) се со иста големина. Ако овие отвори се премногу широки, подвижните крила не можат да обезбедат непропусен простор и тогаш воздухот може да струи слободно помеѓу влезот и излезот, предизвикувајќи несакана загуба топлината или добивање на топлина. (Поместувај ја точката D за да видиш како се променува должината) Колкава е максималната должина на лакот во сантиметри (cm) што може да ја има секој отвор од вратата, така што воздухот никогаш слободно да не струи помеѓу влезот и излезот? Прашање 3: Вратата прави 4 целосни ротации за една минута. Во секој од тие сектори има простор за најмногу две лица. Кој е максималниот број на луѓе што може да влезат во зградата низ вратата за 30 минути.
Понудени одговори за Прашање број 3. А. 60 Б. 180 В. 240 Г. 720